Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејсус изјави денеска дека бројот на нови случаи на коронавирусот се зголемил минатата недела, првпат по седум недели.
Тој го нарече таквиот пораст „разочарувачки, но не и изненадувачки“ и ги повика земјите да не ги ублажуваат мерките во борбата против ширењето на инфекцијата.
Досега во светот се регистрирани речиси 115 милиони случаи на COVID-19, повеќе од 2,5 милиони се починати, а над 90,4 милиони се оздравени.