Гејтс: Пандемијата ќе заврши во текот на 2022 година

Кајгана/МИА
/ 09.12.2021 / 10:50

Милијардерот Бил Гејтс омикрон варијантата на коронавирусот ја нарече „загрижувачка“, но додаде дека „акутната“ фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година.

„Можеби е глупаво повторно да се предвидуваат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во одреден момент во 2022 година. Се надевам дека во иднина за вирусот ќе размислуваме само еднаш годишно и тоа наесен додека примаме заедничка вакцина против грип и коронавирус“, напиша Гејтс на својот блог, пренесе Russia Today.

Фармацевтските компании и во историјата имале големи проблеми со продажбата на своите вакцини против грип, поради нивната релативно ниска стапка на ефикасност, како и поради фактот што научниците треба да предвидат кој вид на вирус ќе биде вирулентен во дадената година.

Гејтс, сепак, е оптимист за терапијата и истакнува дека фармацевтскиот гигант Merck неодамна доби одобрение од ФДА за антивирусниот лек молнупиравир, наменет за лицата со висок ризик од тешка коронарна болест.

„Овој лек значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од COVID-19“, напиша тој на блогот.

Тој призна дека и покрај примената на вакцините против коронавирусот годинава од COVID-19 починале повеќе луѓе отколку минатата, и додаде дека подобрувањето годинава не е драматично, како што се надевал.

Тој се осврна и на појавата на омикрон оценувајќи го како „загрижувачки“, но и нагласи дека „светот сега е подобро подготвен да се бори против потенцијално опасните варијанти отколку што беше претходно“.

Богатството на Гејтс за време на пандемијата се зголеми на 137 милијарди долари и тој во моментов е четвртиот најбогат човек во светот. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе