Герасимовски: Бесплатен транспорт до здравствените установи за полнолетните лица со попреченост

Бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост од Општина Центар обезбеди денеска градоначалникот Горан Герасимовски со потпишување на Меморандумот за соработка со секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Саит Саити.

Оваа соработка значи превоз до здравствените установи со наменски возила за корисници за лица над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или одалки), а живеат на територија на Општина Центар, како и лица над 18 години кои не користат ортопедско помагало, но поради болест се во лежечка состојба (неподвижни).

Градоначалникот Герасимовски уверува дека бесплатниот превоз до болниците ќе биде големо олеснување за семејствата и корисниците кои не се во можност често да ги користат здравствените услуги.

„Верувам дека бесплатниот превоз до болниците е исклучително важна мерка особено за лицата кои немаат помагала или не се во состојба да се движат. Општина Центар сериозно вложува во проекти кои ја зајакнуваат социјалната и здравствената заштита за граѓаните и затоа издвои 500.000 денари од општинскиот буџет со цел да им го олесни пристапот до болниците и лекарите на граѓаните кои имаат најголема потреба за тоа. Доколку корисникот е подвижен превозот ќе биде реализиран со мало наменско возило, а доколку тој е неподвижен превозот ќе се спроведе со специјално наменско возило. Должноста на секој човек е да се грижи и помага онаму каде може. Затоа сум искрено среќен што преку оваа услуга ќе им го олесниме транспортот на лицата со попреченост до сите здравствени установи во град Скопје“, изјави Герасимовски.

Граѓаните кои имаат потреба од користење на оваа услуга потребно е својот превоз да го закажат минимум 24 часа однапред јавувајќи се на телефонскиот број 02/15330, во контакт центарот на ЦКРСМ, секој ден (од понеделник до петок), од 6:00 до 0:00 часот. Со остварување на еден телефонски повик може да се закаже превоз за еден корисник, до една конкретна дестинација.

Термин за превоз се закажува по принципот „прв дојден прв услужен“, а транспортот се врши од понеделник до петок, од 8:00 до 16:00 часот.

Корисниците имаат право на бесплатен превоз во еден правец максимум 10 пати во текот на 1 година но доколку имаат потреба од повеќе истиот може да го платат согласно ценовникот на Црвен крст.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе