Градоначалникот ан Општина Центар, Горан Герасимовски, се пофали дека општинските инспекторски служби во изминатите 12 месеци изрекле рекорден број на казни.
„Во изминатите 12 месеци општинските инспекторски служби изрекоа 193 казни за нарушување на комуналниот ред, донесоа 534 записници, што е речиси двојно повеќе од претходната година, како и 104 барања за поведување прекршочни постапки.
Продолжуваме со спроведување зачестени контроли со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните“, соопшти Герасимовски.