УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Германија нареди менување на дресовите за ЕУРО: Бројот 4 потсетува на нацистичката СС

Бројот 4 на германскиот дрес наликува на симболот на СС, па Германската фудбалска федерација (ДФБ) одлучи да се смени дизајнот.

Со оглед на тоа што не постои актуелен член на германската репрезентација со бројот 44, се чини дека би имало малку причини некој да купи дрес со број 44, освен гордо да го прикажува логото на СС (SS - Schutzstaffel) и да може без проблем да излезе со него во јавност. Затоа, производителот Adidas ја забрани продажбата на дресот 44/SS додека не го редизајнира бројот 4 за да изгледа помалку геноцидно (читај: треба да преземат различен бесплатен фонт од Da Font). Тие, исто така, негираа дека намерно го дизајнирале дресот за да евоцираат спомени од злогласниот СС.

Инаку, со овој дизајн Германија требаше да игра на претстојното ЕУРО, чиј домаќин всушност е.

Во официјалното соопштение објавено до медиумите, ДФБ сакаше да разјасни некои точки во врска со контроверзноста покрената во врска со сличноста. Од ДФБ првично појаснија дека во текот на целиот процес на дизајнирање и одобрување на дресовите наменети за ЕУРО 2024 не била пронајдена сличност со претходните модели. Сепак, и покрај тоа што ги признаваат критиките упатени во овој поглед, Федерацијата ја истакна својата намера да не дозволи ситуацијата да дегенерира штетна полемика.

„Во соработка со нашиот партнер 11teamsports, ќе дизајнираме нов дизајн за бројот 4 и ќе се координираме со УЕФА“, објаснува ДФБ во соопштението.

Adidas без преголемо двоумење го прекина персонализирањето и дистрибуцијата на дресови со овој број. Според познатиот германски весник Bild, големата продукциска куќа ја прекинала испораката и на веќе нарачаните дресови со број 44.

Ова доаѓа еден месец по уште едно важно соопштение за печатот. Adidas, кој со Германија соработува од 50-тите, всушност ќе биде заменет со Nike од 2027 година.

Знакот на нацистичката Шуцштафел е дојно латинично С, односно SS, но стилизирано како ᛋᛋ со рунски знаци, со што наликува на бројот 44. Била голема безбедносна и паравоена организација на Национал-социјалистичката германска работничка партија и на Нацистичка Германија на Адолф Хитлер.

Репрезентацијата на Германија е на паузира по мартовските натпревари против Франција и Холандија. Следните средби всушност ќе се одржат во јуни. На трети се очекува натпреварот против Украина, додека неколку дена подоцна на ред ќе дојде Грција. Овие две пријателски ќе бидат воочи почетокот на ЕУРО 2024, на кое на отворањето Германците ќе играат против Шкотска.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе