Германија очајна за странски работници, ја олеснува имиграцијата

Германската влада, соочена со недостиг на квалификувана работна сила, сака да воведе систем за имиграција заснован на поени, по моделот на имиграциските земји Канада и Австралија, пишуваат германските медиуми.

„Сојузната влада планира да воведе бодовен систем за имиграција во Германија, со цел да се ублажи недостигот од квалификувана работна сила“, се вели во нацрт-реформата за имиграцијата, која треба да биде претставена на редовната владина седница утре.

Новиот закон треба да им овозможи на луѓето од земји надвор од Европската Унија со „добар потенцијал“ да имигрираат во Германија заради вработување.

„Врз основа на транспарентен и небирократски систем, кој се заснова на принципот на бодување, ќе овозможиме имиграција заради барање работа во Германија“, пишува во документот насловен „Основи за имиграција од земји надвор од Европска Унија".

Како услови за собирање поени се споменуваат квалификации, јазични вештини, работно искуство, поврзаност со Германија и возраст.

„Единствено остварливо сценарио е зголемена имиграција“

„На Германија ѝ недостасува квалификувана работна сила во сите сектори. Затоа мораме да го искористиме сиот потенцијал и во странство и во Германија“, се вели во документот што ќе им биде претставен на членовите на Кабинетот.

Реформата предвидува и гарантиран престој на странски студенти во Германија по завршување на нивните студии или професионално образование. Имиграцијата треба да биде можна дури и без претходно потврдување на дипломи и сертификати.

Во исто време, Андреа Налес, директор на Федералната агенција за вработување, побара итни мерки кои ќе го зголемат протокот на квалификувана работна сила во Германија.

„Поради демографските промени, практично нема друго сценарио, туку само едно што би вклучувало зголемена имиграција во Германија“, изјави Налес за Sueddeutsche Zeitung. Таа рече дека на Германија годишно ѝ се потребни 400.000 луѓе за работна сила и експертиза од странство.

Веќе постои можност за имиграција за жителите на земји кои не се членки на Европската Унија. Од 2016 година постои посебна програма за вработување за жителите на земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија) каде за имиграција и добивање работна дозвола доволно е склучен договор со компанија во Германија.

Досега оваа можност често наидува на потешкотии поради долгото чекање за визи во германските конзуларни претставништва во земјите од Западен Балкан.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе