Германскиот претседател побара прошка од Танзанија

Макфакс/Кајгана
/ 01.11.2023 / 15:10

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер им се извини во Танзанија на потомците на стотиците илјади жртви на колонијалното насилство, стотина години по крајот на германската колонијална власт во Источна Африка.

„Како германски федерален претседател сакам да побарам прошка за она што Германците им го направија на вашите предци“, изјави денеска Штајнмајер за време на посетата на градот Сонгеа во Танзанија. Тој им кажа на потомците дека Германија е подготвена заедно да се справи со минатото, а неговите зборови беа дочекани со ракоплескање.

На вториот ден од посетата на Танзанија, Штајнмајер се сретна со семејството чиј предок, началникот Сонгеа Мбано, и 66 други водачи беа погубени од германските колонијални власти во 1906 година. Првично Сонгеа бил поштеден од смртна казна бидејќи се предал. Сепак, тој самиот побарал да биде обесен заедно со другите водачи од народот Нгони. Германците се согласиле. Сонгеа Мбано денес е признат национален херој.

Германија во Источна Африка брутално ги задушувала востанијата на резидентното население. Според проценките на Танзанија, до 300.000 луѓе загинале во војната што се водела од 1905 до 1907 година. Штајнмајер го посети музејот „Маџи Маџи“ во Сонгеа.

Колонијалното минато на Германија завршило во 1918 година со поразот на германската империја во Првата светска војна. Средбата на германскиот претседател со потомците на убиените се одржа без присуство на новинари.

„Ви се придружувам во оплакувањето на оние што беа погубени. Се поклонувам пред жртвите на германската колонијална власт“, ​​рече германскиот претседател.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе