Главниот човек за мобилизацијата во Русија пронајден мртов

Б.С.Б.
/ 18.10.2022 / 12:27

Пронајдено е телото на потполковник Роман Малик, кој беше одговорен за мобилизацијата во Русија.

Потполковник Роман Малик (49), кој беше одговорен за регрутација на луѓето во кампањата за мобилизација во Русија, за засилување на војската во Украина, е пронајден мртов. Неговото тело е пронајдено во семејната куќа во рускиот регион Приморски.

Роман Малик е пронајден обесен за ограда, пренесе британски Mirror. Според соопштение на полицијата, покрената е истрага за убиство иако можноста за самоубиство не е исклучена. Според The Times, корисниците на Телеграм се сомневаат дека станува збор за самоубиство, а роднините наведуваат дека бил самоуверен.

Малик бил задолжен за следење на наредбите на Москва за движењето на трупите во Украина.

Откако Путин го потпиша указот за мобилизација во септември, извештаите покажаа дека досега се регрутирани над 220.000 луѓе. Службениците за регрутација заедно со локалните полициски власти во многу случаи насилно ги одведоа мажите кои дадоа отпор на наредбите за регрутација.

Овој потег наиде на масовни протести, а имаше и инциденти. Дури 70 канцеларии беа нападнати со молотови коктели како знак на големата огорченост во Русија.

URL
реклама

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Свет

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Read more

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Read more
 

Вести

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Читај повеќе

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добиja трипати повеќе мандати од СДСМ и ДУИ заедно

Читај повеќе
  • play_arrow

Се запали Boeing 737 полн со патници

Читај повеќе