Глушец доби слобода, па заврши како оброк
Австралиец сакаше да го пушти на слобода фатениот глушец, но само што го направи тоа една птица си доби бесплатен оброк.
Случката е од австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс каде човекот имал проблеми со глувци во куќата. Тие не биле жители на неговата кужа, туку му влегувале поради ладното време надвор. Откако му се смачило да ги убива, се решил на похуман пристап, да ги лови и потоа да ги пушта во природа.
Но, уште во првиот обид планот не му успеа бидејќи среќниот глушец беше на слобода неколку секунди откако една врана го зграпчи.