Го контролираме пожарот, вели шпанскиот премиер за пандемијата

Шпанија се доближува до надминување на најлошото во епидемијата на коронавирусот, охрабрува премиерот, додека Парламентот дебатира дали да се продолжи вонредната состојба во земјата.

„Го контролираме пожарот“, изјави премиерот Педро Санчез во Мадрид и додаде дека земјата ќе извојува „целосна победа“ над вирусот.

Шпанија има најголем број на потврдени пациенти со COVID-19 во Европа – 152.446. Заклучно со денеска, во земјата се регистрирани 15.238 смртни случаи како последица на оваа болест.

Парламентот уште дебатира дали да се продолжи вонредната состојба во земјата до 26 април, што значи дека луѓето ќе бидат затворени во нивните домови уште две недели. Очекувањата генерално се дека мерката ќе биде продолжена.

Шпанија има воведено некои од најстрогите мерки во Европа, но премиерот тврди дека забраните за движење помогнале за драстично намалување на бројот на новозаразени.

Санчез е најновиот во низата лидери кои укажуваат дека ситуацијата се ближи кон стабилизирање.

Неколку европски земји размислуваат за олабавување на рестрикциите од следната недела, додека расте загриженоста колкави ќе бидат економските последици од изолациите и карантините што ги воведоа земјите.

Иако од завчера до вчера одржуваа маратонски преговори, ЕУ лидерите не се договорија какви чекори точно ќе се преземат во насока на економски пакети за помош.

Министрите за економија во 17 часот по локално време во Брисел почнаа телеконференција на која ќе разговараат за планови за помош.

реклама

„Исцелител“ вечерва премиерно на МРТ

Read more

Новите заразени со COVID-19 во Скопје се од Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Карпош 1 и од Аеродром

Read more

Кинеска вакцина против COVID-19 испитана врз луѓе е безбедна и ефикасна

Read more

Во најдлабокиот рудник во светот заразени 164 рудари со коронавирус

Read more

Свет

Во најдлабокиот рудник во светот заразени 164 рудари со коронавирус

Read more

Шведски епидемиолог: Требаше порано да се затвориме

Read more

Објавена снимка од падот на патничкиот авион во Карачи

Read more

СЗО: Јужна Америка е ново жариште на COVID-19

Read more

Вести

Во најдлабокиот рудник во светот заразени 164 рудари со коронавирус

Читај повеќе

Јовески: Пандемијата со COVID-19 одлага одредени дејствиjа по предметите на СЈО

Читај повеќе

Почина затвореник од КПУ Идризово

Читај повеќе

Новите заразени со COVID-19 во Скопје се од Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Карпош 1 и од Аеродром

Читај повеќе

Најмалку 10 физички пресметки и нарушувања на јавниот ред и мир во 24 часа

Читај повеќе

Шведски епидемиолог: Требаше порано да се затвориме

Читај повеќе

Во Словенија четири дена по ред нема новозаразени со коронавирус

Читај повеќе

Објавена снимка од падот на патничкиот авион во Карачи

Читај повеќе

Нови 37 заразени, нема починати од COVID-19

Читај повеќе