Од 18 до 20 октомври – Љубљана, Словенија

Golden Drum – златна шанса за креативците од маркетинг индустријата

Од 18 до 20 октомври во Љубљана, Словенија во хотелот Grand Union ќе се одржи 24 издание на фестивалот „Golden Drum“ – еден од најважните маркетинг настани во регионот кој на едно место ги собира најважните личности од оваа област. Фестивалот претставува „златна шанса“ за да се погледнат интересни проекти, кампањи, решенија, да се дознаат новитетите во маркетинг индустријата, трендовите, како и да се споделат искуства.

Сите заинтересирани агенции, огласувачи, медиумски и продукциски куќи кои сакаа да ги пријават своите проекти тоа можеа да го сторат до 18 август. Пријавените кампањи ќе бидат оценувани од две жирија составени од 22 членови.

Организаторот на фестивалот најави богата тридневна програма исполнета со интересна содржина и гостување на важни личности од индустријата кои ќе им го пренесат своето искуство на присутните. Меѓу предавачите оваа година се наоѓаат личности од маркетинг индустријата како што се: Бруно Бертели (Publicis Worldwide, Italy); Фернандо Вега Олмос (Picnic Madrid, Spain); Даниел Букумировиќ (VICE, Serbia) и Марко Кремона (Google, United Kingdom).

На фестивалот ќе бидат опфатени теми поврзани со „милениумците“, улогата на жените во индустријата, како се гради еден бренд, за моќта на музиката во маркетингот, односно нејзината правилна употреба, а целиот настан ќе бидат крунисан на 20 октомври кога ќе бидат доделени наградите.

За сите заинтересирани што сакаат да го посетат фестивалот, организаторот нуди неколку опции за регистрација. Посетете ја страната на GOLDEN DRUM и обезбедете го своето присуство на еден од највозбудливите маркетинг настани во регионот. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе