Голови за Николов и Тричко, Стојановски првпат стартер во Лиг 1

Влатко Стојановски за првпат се најде во почетните единаесет во француската лига, додека голови прославија Бобан Николов во Унгарија и Иван Тричковски на Кипар.

Бобан Николов го постигна третиот и последен гол во гостинската победа на Фехервар кај Диосѓер. Тој погоди во 86-тата минута и го одигра целиот натпревар заедно со дефанзивецот Висар Муслиу. Ова е негов прв гол сезонава во унгарската лига откако претходно погоди еднаш и во купот.

Иван Тричковски го прослави својот гол број 11 во кипарското првенство. Неговиот АЕК загуби пред своите гледачи со 1:2 од Анортосис, а Тричко голот го постигна во судиското надополнување. Сега тој е сам на првото место на листата на стрелци на Кипар откако неговиот ривал, Шпанецот Рајо кој игра токму за Анортосис, не постигна гол и остана на 10.

Во најдобрата француска лига конечно во 15-тото коло нашиот Влатко Стојановски го забележа првиот старт. Тој се најде во почетниот состав на синоќешниот дуел дома со Мец и одигра 59 минути пред да биде заменет. Беше активен, имаше едно нафрлување кое за малку ќе завршеше со гол и покажа дека само со поголема минутажа може да го искористи потенцијалот. Инаку, натпреварот заврши 1:1.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе