Google со дудл го одбележа 20-тиот роденден
Во чест на 20 роденден Google со интересен дудл го прослави постоењето на интернет, хорнолошки прикажувајќи ги најпопуларните пребарувања во последните две децении.
Компанијата исто така го лансираше сајтот 20years.withgoogle.com, посветен на интересни факти од последните 20 години, поврзани со пребарувањата на Google. Така на пример, Хит Леџер е најпребаруван актер во 2008 година (годината кога почина), Нејмар е најпребаруван фудбалер од 2017 година и слично.