Гордана Јанкулоска сведочеше за „Монструм“

Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковско Езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи.

Таа денеска во нејзиното сведочење во предметот „Монструм” рече дека дел од информациите биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали се сретнала со Сашо Мијалков оти во „бомбите” од 29 јануари 2013 година кои биле пуштани во судот тој ѝ рекол дека има анализа за случајот и дека ќе ѝ ја презентирал, Јанкулоска рече дека не се сеќава дека присуствувала на таква презентација.

Фетаи ја потсети дека и меѓународни претставници присуствувале на таа презентација. Јанкуловска, пак, рече дека таа држела повеќе состаноци со меѓународната заедница околу настанот.

Обвинителката Фетаи ја праша дали се сеќава дека разговарала за политички консултации околу екстрадиција на осомничените со екс министерот за правда Блерим Беџети, каде се „пазарат” дали да се донесат осомничените пред или после изборите, Јанкуловска рече дека таа имала повеќе разговори и дека се консултирала за активностите околу случајот, а не политички.

На прашање дали имало информации пред настанот дека нешто ќе се случи, таа рече дека немала никаква информација.

Пред судот денеска треба да сведочат и поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски и Синиша Алексовски, советник во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе