Гравитацијата е преценета
Речиси секој од нас посакал барем еднаш да може да лета, а францускиот параглајдерист Жан-Батист Шанделие е еден од оние среќни луѓе кои го оствариле тој сон.
Тој ги снима неговите летови и од снимките направи видео со наслов „Гравитацијата е преценета“ во кое се прикажани неговите авантури во облаците.
Шанделие има летано секаде низ светот, од француските Алпи до бреговите на Јужна Африка.
Неговите снимки од магичните пејзажи се инспирација за многу луѓе и самите да посакаат да се вивнат во облаците и да пробаат летање со параглајдер.