Грчките медиуми одбројуваат до телефонскиот разговор Заев - Ципрас

Атина, 1 јуни 2018 (МИА) - Грчките медиуми во денешните текстови за прашањето за името акцентот го ставаат на очекуваниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев. Телефонскиот разговор, според новинарите во Грција би требало да се случи во текот на денешниот ден.

- Алексис Ципрас очекува телефонски повик од неговиот колега Зоран Заев, а кругови од Министерството за надворешни работи даваат 90 отсто веројатност тоа да се случи денеска. Владини извори за реал.гр велат дека се „наоѓаме во крајната фаза“ и „очекуваме да видиме дали премиерот на ПЈРМ ќе го каже конечното да за да има напредок“,  пишува порталот Реал.

- Еден телефонски разговор ги дели Ципрас и Заев од договор за името. Телефонски повик што веројатно ќе се оствари денеска за да се закаже тет-а-тет во Преспа, пишува онлајн изданието на весникот „Та неа“.

- Следниот, очекуван чекор е телефонски разговор меѓу двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев, што може да се оствари дури и во следните часови, пишува „Катимерини“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, завчерашната прес-конференција на македонскиот премиер, вчерашните ставови на Заев од собраниската говорница, позицијата на претседателот Иванов и утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, се дел од темите во грчките медиуми, во однос на македонско – грчките односи.

Последните случувања на релација Скопје- Атина, постојано се во фокусот на медиумите во Грција, а новинарите прогнозираат, повикувајќи се на свои извори дека „Република Северна Македонија“ е името кое што е во предност во однос на останатите предлози на медијаторот („Република Нова Македонија“, „Република Горна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“ – предлог одбиен од грчката страна).

Сепак, исто како и од македонска, така и од грчка страна нема официјална потврда кое е името за кое што се согласиле двете земји.

Според медиумите кај јужниот сосед, доколку телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас има позитивен исход, тогаш договорот, веројатно, би се потпишал во Преспа (на грчка територија).

- Средбата веројатно би била во Преспа, но никој не може со сигурност да одреди кога би се случила. Некои исклучуваат тоа да биде во следните денови, бидејќи премиерот на ПЈРМ треба да ја подготви опозицијата во неговата земја, други пак веруваат дека ќе се одржи следниот викенд,  а некои други дека ќе биде по 21 јуни, кога ќе се одржи критичниот состанок на Јурогруп за долгот и завршување на грчката програма, пишува информативниот портал „Њуз247“.

„Катимерини“ коментира дека Заев и Ципрас, би се сретнале најдоцна до средината на јуни, односно пред Самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни, но дека се уште не е позната локацијата каде што би се одржала средбата.

Сепак, медиумите во Грција коментираат дека едно е потпишувањето, а друго спроведување на договорот. Според написите на грчките новинари, Атина бара македонската страна да заврши со сите обврски, па потоа евентуалниот договор да се ратификува во грчкиот парламент, односно прво да се заврши со референдумот, а потоа договорот да добие зелено светло од грчките пратеници.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе