Отварањето на хотелите би требало да биде третата фаза од укинувањето на мерките за заштита од коронавирус во Грција. Сопствениците на хотелите ги преземаат сите потребни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
Потребни се пешкири за еднократна употреба, средства за дезинфекција, лежалки со заштита од стакло.
Идејата да постават лежалки со заштита е на сопственикот на луксузниот хотел „Suites of Gods“. Тој на плажата Периса постави лежалки со заштита, што се смета за идеално решение особено за семејства со мали деца.
Со овој вид за заштита, гостите на хотелот не мора да се грижат дека ќе се заразат со коронавирус.
„Вработените во хотелот ќе носат маски и ракавици. Дојдовме до идеја да направиме вакви лежалки во нашиот хотел за да ги заштитите гостите и да се чувствуваат безбедно“, вели Чарли Чанин, сопственик на хотелот „Suites of Gods“, хотелот на Санторини.
Растојанието помеѓу лежалките ќе биде 4 метри, а заштитното стакло на лежалките ќе биде поставено од лева и десна страна.