Грешки кои повеќето луѓе ги прават кога дома лекуваат настинки и грип

Дојде оној период од годината кога луѓето поминуваат голем дел од своето време кашлајќи, кивајќи и бришејќи го носот. Зимата со себе носи настинки, вируси и грип.

„Скенирањето“ на полиците во аптеките и читањето по форумите на интернет може да ве збунат и да ве одведат на погрешен пат кога лекувате настинка и грип.

Двајца фармацевти предупредија на некои од вообичаените грешки што луѓето ги прават кога сами се лекуваат од настинка и како всушност да си олеснат.

„Луѓето често земаат витамин Ц за да спречат настинки, но има малку докази кои го поткрепуваат тоа“, објасни Садик Ал-Хасан, фармацевт од градот Бат во Обединетото Кралство.

Некои студии сугерираат дека витаминот може да помогне побрзо да се исчистат настинките, но доказите сè уште се прилично неубедливи.

„Друг популарен производ за настинка и грип меѓу пациентите е ехинацеа“, објасни фармацевтот.

Ехинацеа е билка за која експертите некогаш мислеле дека го стимулира имунолошкиот систем поефикасно да се бори против инфекциите. Но, неодамнешните студии покажаа дека овој додаток во исхраната малку ја намалува можноста за настинка.

Мајк Хјуитсон, фармацевт од Сомерсет, ги предупреди луѓето да не користат остатоци од антибиотици што би можеле да ги најдат во нивните домови.

„Грипот или обичната настинка се вирусни инфекции и не можат да се лекуваат со антибиотици. Не постои директен третман за лекување на двете вирусни инфекции, сè е во управувањето со симптомите“, додаде тој.

Мајк предложи луѓето да се држат до едноставни лекови за ослободување од болка, како што е парацетамол, за да помогнат во контролата на треската, како и да пијат многу вода за да останат хидрирани.

„Генерално ги советувам луѓето да користат небрендирани производи кои често се исто толку ефикасни како брендираните производи, но со малку пониска цена“, рече тој.

И двајцата медицински експерти истакнаа дека во случај на настинка и грип, превенцијата е секогаш подобра од лекувањето.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе