Грета Тунберг приведена на протест во Германија

МИА/КАЈГАНА
/ 17.01.2023 / 18:49

Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените на денешниот протест против евакуацијата на германското село Луцерат, соопшти полицијата.

Тунберг беше приведенa додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер 2, на околу девет километри од Луцерн.

Шведскaтa активистa се приклучи на протестот во Германија минатиот петок. Таа седеше сама во голем полициски автобус откако беше приведена, јавија германските медиуми.

Во западна Германија, и по евакуацијата на активистите од селото Луцерат, кое пропаѓа поради проширувањето на рудникот за лигнит, протестите на еколошките активисти продолжуваат. Во Келн, оддалечен на 40-ина километри, активисти го запреа сообраќајот за време на утринскиот шпиц. Полицијата се подготвува да одговори на слични акции, пренесе германската новинска агенција dpa.

Remote video URL

За време на протестот во Келн беа видливи жолти крстови, симболи на протестот против уривањето на селото Луцерат. Демонстрантите објавија преку Twitter дека јагленот под Луцерат мора да остане во земја.

Протести се одржаа и на други места во западна Германија. Во рудникот за лигнит Инден кај Ахен, демонстрантите запленија багер, па работата во рудникот беше прекината.

Според полицијата во Ахен, учествувале околу 20 демонстранти, а според компанијата РВЕ меѓу 30 и 40 демонстранти.

Група од околу 20 климатски активисти, исто така, ги окупираа железничките пруги кои водат до електраната Неурат во близина на Ромерскирхен, соопштија полицијата и РВЕ.

Климатските активисти од Луцерат за денеска најавија заеднички ден на климатска акција, пренесува dpa.

реклама

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе