Грета Тунберг призна дека нејзиниот напор не вроди со плод

Помина скоро една година од првите протести и впечатливиот говор на младата шведска активистка Грета Тунберг. Таа вчеравечер во Мадрид рече дека нејзиното движење не дава никакви резултати и дека не сака да продолжи понатаму.

„Стануваме сè побројни и се слуша нашиот глас, но политичките партии не преземаат ништо“, изјави 16-годишната Грета пред активистите собрани на вчерашниот митинг во Мадрид. Таа пристигна во главниот град на Шпанија за да присуствува на Самитот за климатските промени на Обединетите нации.

„Не сакаме да продолжиме. Би сакале да ги видиме во акција политичарите кои се на власт“, истакна таа. „Остваривме многу, но ако погледнеме од поинаква гледна точка, не постигнавме ништо“.

Оваа изјава, иако делуваше во знак на признание за поразот, веројатно е обид на Грета да ги посрамоти светските лидери да го постават прашањето за климатските промени како итно прашање за да ја намалат емисијата на јаглерод.

Истото го кажа и во септември во Њујорк, каде што на вториот самит на ООН, рече дека нејзиното место не е тука, а потоа ги посрамоти лидерите дека ги украле нејзините соништа и детството.

Грета, позната по нејзините апокалиптични пораки, изјави дека „немаме иднина“, а нејзините повици за дејствување беа поттик за да се организираат протести низ целиот свет.

Исто така, во ноември, ЕУ прогласи вонредна состојба поради климатските промени во симболичката намера да го стави ова прашање на врвот на агендата на Европската комисија.

Иако Тунберг е активистка за климатските промени, таа не понуди конкретен план за тоа што треба да се прави.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе