Грилиш: Нема да ве лажам, постојано пијам и се забавувам

Џек Грилиш беше во центарот на вниманието на светската јавност откако се опиваше до бесвест по финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер. Неговиот Манчестер Сити победи со 1:0 и ја освои тројната круна сезонава, а англискиот репрезентативец славеше бурно и со денови не се отрезнуваше.

После тоа некако успеа да се отрезни. Тој ѝ се приклучи на репрезентацијата на Англија и доби половина час во убедливиот триумф (7:0) против Македонија.

Грилиш не се кае за тоа што се случи. Тврди дека е таков и дека не сака никого да лаже за тоа што прави во слободното време.

„Знаев што правам. Таков сум и така излегувам и се забавувам“, призна Грилиш.

„Во ред, не е секогаш толку жестоко, но ја освоивме тројната круна и тоа е нешто што веројатно никогаш повеќе нема да се повтори. Уживав, но не сум единствениот. Сите ме снимаа мене, но можам да ви покажам одредени снимки каде другите се исти како и јас. Никогаш нема да лажам и да кажам дека не пијам и дека не се забавувам. Тоа го правам постојано. Искрен сум, го живеам мојот сон играјќи за најдобриот клуб во светот“, додаде тој.

Грилиш стана член на „Граѓаните“ во 2021 година кога Манчестер Сити ѝ плати на Астон Вила речиси 120 милиони евра. За тимот од „Итихад“ за две години одигра вкупно 89 натпревари и има ефект од 11 гола и 15 асистенции.

Претходно со години настапуваше за Астон Вила каде израсна во младинските категории на овој клуб. За првиот тим настапи 213 пати, постигна 32 гола и забележа 43 асистенции.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе