Груби: Дојде време да се надминат предрасудите со изборот на премиер Албанец

Немам амбиција да бидам првиот премиер Албанец на Северна Македонија, туку сакам да останам запаметен како по реализацијата на проектите од  коридорите 8 и 10-д, односно за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и по воспоставувањето на врската Приштина-Скопје-Тирана, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Во гостување на косовската телевизија „Дукаѓини“, Груби истакна дека кандидатот за премиер Албанец ќе го предложи лидерот на ДУИ, Али Ахмети и како што нагласи, сигурен е дека „нема да погреши во изборот“.

- Ова е проект на Али Ахмети за да ги урне табуата. Дојде време да се надминат предрасудите со изборот на премиер Албанец, рече Груби.

Тој вели дека со коалицискиот договор од 2020 година меѓу СДСМ и ДУИ, потпишан од тогашниот премиер Зоран Заев и Ахмети, се превидува во последните 100 дена од Владата премиер да биде личност од албанска националност.

- Во коалицискиот договор што го имаме постигнато со Зоран Заев стои во последните 100 дена тој да ја напушти Владата и да биде заменет со премиер Албанец, рече Груби, тврдејќи дека и актуелниот премиер  Димитар Ковачевски „ветил дека договорот ќе важи“.

Изјавите на Груби следи откако министерот за надворешни работи Бујар Османи на собир на ДУИ во Чаир изјави дека „за неколку месеци Албанец ќе биде премиер“ на земјава. Ваквата изјава беше протолкувана како можност за предвремени избори, имајќи предвид дека редовниот термин за парламентарни избори е идната година.

Но, според извори во СДСМ и ДУИ меѓу владините партнери не станало збор за одржување предвремени парламентарни избори.

Изворите во СДСМ оценуваат дека изјавата на Османи е во контекст на случувањата во ДУИ и порака за т.н. „огнена група“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе