Груби: Не коментираме судски одлуки, за „Монструм“ баравме целосно повторување на судскиот процес

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Првиот вицепремер во Владата и висок функционер во ДУИ Артан Груби денеска не сакаше да ги коментира последните случувања во врска со случајот „Монструм“ и убиството на Смилковското Езеро, како и барањето за затворски казни на обвинителката Фатиме Фетаи.

Груби нагласи дека единствен момент кога ДУИ била вмешана во овој случај, било барањето за целосно повторување на судењето.

– Не ги коментираме судските одлуки. Прашањето беше дали е вмешана политиката во овој случај. Единствен момент каде што ние како политичка партија бевме вмешани во овој случај беше во барањето да се повтори судењето, поради недовербата на целата јавност во одлуката на Судот претходно. Тоа го постигнавме. Отука па натаму е работа на Обвинителството, на судството, на одбраната во судска постапка да ги докажат своите аргументи, рече Груби на прес-конференција.

И покрај инсистирањето на новинарите, тој беше дециден дека тој може да одговори само за нивното барање, а тоа, како што потенцира, „апсолутно повторување на целиот судски процес и тоа го постигнавме“.

– Одбраната, обвинителството и судството се во доказна постапка, и се надевам дека заврши така како што налагаат доказите. Не сакам да коментирам одлука или пак, во овој момент тоа е став само на обвинителството, судот го нема кажано последниот збор, ова е само еден дел на една странка во процесот, рече Груби.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе