Ѓубрето расфрлано на улиците во Тетово го попречува сообраќајот – полицијата ќе казнува со глоби и до 10.000 евра

Тетовската полиција апелира до граѓаните и претпријатијата задолжени за одржување на јавната хигиена во Тетово целосно и безусловно да се придржуваат до Законот за јавна чистота и Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Граѓаните да не ги оставаат отпадоците каде што ќе стигнат и надвор од контејнерите и другите садови за таа намена, а претпријатијата редовно да го подигаат сметот и да не дозволат создавање купишта со расфрлани отпадоци.

„Неретко купиштата отпадоци или неправилно поставените контејнери го попречуваат нормалното и безбедно движење на возилата и пешаците, пред сè, и на некои потесни места и предизвикуваат застој во одвивањето на сообраќајот“, велат од СВР Тетово.

Се додава дека овој месец, на пример, СВР Тетово изготви соодветен поднесок против ЈКП „Шар“ за неподигнат смет од јавни сообраќајни површини, оставен на самиот коловоз.

Вакви поднесоци, велат од полицијата, ќе се изготвуваат и во наредниот период со цел да се овозможи нормален сообраќаен проток на градските улици и да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците.

Глобите за непочитување на оваа законска одредба се движат од 100 до 1.000, односно до 10 илјади евра, во зависност од тоа дали е физичко или правно лице и плус 500 евра за одговорното лице на правниот субјект.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе