Гвардиола подготвува трансфер со кој ќе си го погази зборот

Манчестер Сити, актуелниот шампион на Англија и вицешампион на Европа, и оваа сезона се чини е незапирлив.

Ливерпул бега девет бода на табелата (со меч повеќе), а во осминафиналето на Лигата на шампионите го совлада Спортинг, моментално можеби најдобриот португалски тим, со 5:0 на гостински терен.

Сепак, Пеп Гвардиола сè уште бара начини да ја усоврши својата „машина“, како со тактички решенија, така и со засилувања во преодниот рок. Најинтересно ќе биде да се следи Ерлинг Холанд. Летово се активира клаузулата според која секој клуб кој на Борусија Дортмунд ќе ѝ плати 75 милиони евра може да влезе во преговори со играчот.

Проблемот со Манчестер Сити е што Гвардиола е во многу лоши односи со неговиот менаџер Мино Рајола, поради што е ставено неформално вето на сите играчи од неговата агенција. Сепак, Гвардиола е подготвен да „си го погази зборот“, како што пишува шпански Esport.

Згора на тоа, англискиот шампион е свесен дека само со големи бонуси може да го добие норвешкиот напаѓач. Така, тие се подготвени, според истиот извор, на Рајола да му платат дури 50 милиони евра доколку Холанд потпише за нив. Оваа опција ја поддржува и таткото на Холанд, поранешен играч на „Граѓаните“.

Младиот Холанд оваа сезона има учинок од 23 гола на 20 натпревари.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе