Актерката Гвинет Палтроу во интервју за Vogue откри каде го чува Оскарот кој во 1998 година го доби за улогата во филмот „Shakespeare in Love“.

Палтроу екипата на Vogue ја угостила во својот дом, а ги дочекала во многу опуштено.
Многу луѓе ќе се изненадат за што на актерката ѝ служи статуетката, која претставува остварување на соништата на актерите ширум светот.
„Каква прекрасна награда од Академијата“, ѝ вели новинарот на Vogue, а таа одговара: „Да. Мојот запирач за врата. Работи совршено“.

Актерката денес живее потивок живот и гордо го покажува својот природен изглед. Исто така, неодамна искрено изјави дека сака да го прифати стареењето.
Актерката во разговор пред камера откри дека единствениот нејзин филм кој денеска во целост би го гледала е „Emma“ од 1996 година. Таа призна и дека денес ништо не ѝ недостасува од деновите кога беше голема холивудска ѕвезда.