„Halloween“ доби брутално искрен трејлер
Хорор филмот „Halloween“ од 2018 година доби брутално искрен трејлер од екипата на Screen Junkies.
Низ последните 40 години се снимени 11 „Halloween“ филмови, последниот е во режија на Дејвид Гордон Грин, додека главните улоги од филмот во 1978 година ги репризираат Џејми Ли Куртис и Ник Касл.
Во искрениот трејлер Screen Junkies се потсмева со новото продолжение, нарекувајќи го римејк на првиот филм. Исто така екипата забележува дека Лори Строд е претворена во нова верзија на Сара Конор од Terminator, но и многу други работи.