Heineken отпушта 8.000 работници и се врти кон безалкохолни пијалоци

Холандската пиварница Heineken објави драстичен пад на профитот и приходите во 2020 година.

Компанијата најави и бавно закрепнување од последиците од пандемијата на коронавирус во 2021 година и елиминирање на околу 8.000 работни места за намалување на трошоците.

Нето-приходот на вториот најголем производител на пиво во светот падна за 12% во пандемиската година, на 19,7 милијарди евра.

Оперативната добивка потона 35,6 проценти на 2,4 милијарди евра. Нето добивката беше скоро преполовена, на 1,1 милијарда евра.

Консолидираната продажба на пиво падна за 8,1 процент, поради негативното влијание на обновените рестриктивни мерки за заштита од COVID-19 врз резултатите од четвртиот квартал, особено во Европа, каде што затворија рестораните.

Надеж во вакцината

Извршниот директор Долфт ван ден Бринк е претпазлив во своите прогнози, иако тој смета дека програмите за вакцинација против корона во Европа, Северна Америка и некои поразвиени азиски земји ќе овозможат враќање во нормала, по тешката 2020 година.

„Ние сме глобална компанија ... Само кога целиот свет е вакциниран до одредена мера, можеме да кажеме дека сме се извлекле“, објаснува Ван ден Бринк.

Компанијата сака да заштеди две милијарди евра до 2023 година со реорганизација, намалување на опсегот и поефикасно трошење.

Прегледот на деловната активност откри дека компанијата треба да скрати околу 8.000 работни места или 9% од работната сила до крајот на 2019 година, што ќе значи намалување на 420 милиони евра во трошоци.

Трошоците за вработените треба да се намалат за околу 350 милиони евра со отпуштањата.

Пиво преку интернет

Компанијата има намера да се фокусира на зајакнување на премиум брендовите како што се Heineken и безалкохолниот лагер. Исто така, има за цел да стане најдобра дигитално поврзана пиварница, која на потрошувачите ќе им понуди пиво преку интернет.

Тие очекуваат условите на пазарот постепено да се подобруваат оваа година и, поизразено, следната година, поддржани од бавното закрепнување на баровите и рестораните во Европа.

Тие очекуваат нивните приходи, оперативната добивка и маржата да бидат пониски оваа година отколку во 2019 година.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе