Корејскиот произведувач на автомобили, Hyundai, ширум светот во изминатиот месец продаде 397.041 единици, со пораст од 1,6 проценти во однос на март 2017 година.
Продажбата на домашниот, корејскиот пазар, забележа пораст од 6 проценти во однос на истиот период од минатата година, и вкупно изнесуваше 67.577 продадени единици.
Hyundai соопшти и дека во Кореја продолжува трендот на пораст на продажбата на SUV автомобили, предводени од новолансираниот модел Santa Fe.
Продажбата на останатите светски пазари изнесуваше вкупно 329.464 единици, што претставува пораст од 0,8 проценти во однос на март претходната година.
Корејскиот произведувач Hyundai планира да ја максимизира профитабилноста, така што ќе се забрза лансирањето на новиот Santa Fe модел на најголемите глобални пазари вклучувајќи ги и САД, каде почетокот на продажба на овој модел е закажан за летото 2018 година.