И богатите плачат - Гејтс сам се обвинува за разводот од Мелинда

Бил Гејтс наводно се обвинувал себеси за разводот од сопругата Мелинда, како што објави New York Post, цитирајќи ги зборовите на неименуван учесник на годишната конференција Allen & Co, позната како „летен камп за милијардери“.

Соосновачот на компанијата Microsoft, наводно, го кажал тоа за време на делот со прашања и одговори на конференцијата што се одржа во американското одморалиште Сан Вели.

Според еден од присутните, Гејтс признал дека „ја зафркнал работата“, алудирајќи на тоа дека тој е виновен за разводот.

„Беше емотивен кога зборуваше за тоа. Скоро на раб да се расплаче“, тврди изворот, додавајќи дека Гејтс не го употребил зборот „афера“ кога зборувал за разводот.

Друг учесник рече дека неговото излагање било „многу трогателно“, додека друг извор го критикуваше милијардерот бидејќи одбивал да комуницира со другите учесници на конференцијата. Наводно, Гејтс делувал„вознемирено“ за време на настанот.

Марк Сузман, извршен директор на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, најави план за итни случаи „за да се обезбеди континуитет во работата на фондацијата“, и тоа само околу два месеци откако Гејтс и неговата сопруга соопштија дека планираат да се разведат, ветувајќи сепак, дека ќе продолжат да работат заедно во нивната добротворна фондација.

„Ако по две години, кој било од нив одлучи дека не може да продолжи да работи заедно на чело на фондацијата, Мелинда Гејтс ќе поднесе оставка како копретседател и комесар“, објасни Сузман.

Извршниот директор исто така рече дека според ваквото сценарио, соосновачот на Microsoft ќе остане на чело на Фондацијата и, во суштина, би можел да го „откупи“ делот на Мелинда од фондацијата.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе