И Црна Гора се откажа од Евровизија

Црна Гора нема да учествува на Евровизија следната година, потврди државната RTCG.

„По прегледот на расположливите ресурси, трошоците за целиот проект и обврските што Јавниот сервис ги очекува во наредниот период, донесена е одлука Црна Гора да не учествува на Евровизија следната година“, се наведува на веб-страницата на RTCG.

Понатаму се појаснува дека одлуката е донесена затоа што било оценето дека постоечките ресурси треба да се насочат кон финансирање на тековни и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи.

„Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија – се соочивме и со недостиг на интерес од спонзорите, па решивме постоечките ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековни и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи кои повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, соопштија од Јавниот сервис.

Откажувањето на Црна Гора доаѓа откако синоќа МРТ објави дека и Македонија нема да учествува.

Црна Гора на овогодинешната Евровизија ја претставуваше пејачката Владана со песната „Breathe“, а во натпреварувањето се врати по кратка пауза.

Remote video URL

Исто така, Црна Гора беше една од земјите чии гласови од жирито беа одземени поради „неправилни обрасци за гласање“.

Следната Евровизија ќе се одржи во 2023 година во Ливерпул, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

реклама

Музика

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Read more

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе