Ибра: Сакам да играм на Мундијалот во Катар

Златан Ибрахимовиќ има последна шанса да игра на Мундијал, но само доколку Шведска го мине баражот. Тоа му е голема желба откако пропушти ЕУРО 2020.

На 3 октомври наполни 40 години, но нема намера да ги закачи копачките. Сепак, нетипичната возраст за еден фудбалер си го прави своето, а признава и самиот тој.

„Иднината малку ме загрижува. На 40-годишна возраст станав малку анксиозен“, признава Ибра говорејќи за Corriere della Sera.

Не знае што ќе биде откако ќе се пензионира, но едно знае, нема да се бави со тренерскиот занает.

„Не би знаел, тоа е многу стресна работа... Ќе работам нешто што ќе ми даде адреналин“.

Откако се врати во репрезентацијата на Шведска во март, следуваше повредата и големото разочарување дека го пропушта Европското првенство. Сега очите му се вперени кон Скудетото, за кое се бори со Милан, како и кон Мундијалот кој наредната доцна есен ќе се одржи во Катар. Златан тогаш ќе има 41 година.

„Сѐ додека се држам, ќе бидам напаѓач. Сакам да се борам за Скудетото до последниот ден. И да играм на Мундијалот во Катар“.

За да стигне во Катар Ибра ќе мора да се надева дека неговата Шведска ќе успеа да го мине тешкиот бараж. Швеѓаните во полуфиналето играат дома против Чешка, а доколку поминат потоа во финалето ќе гостуваат кај подобриот од лутото дерби меѓу Русија и Полска. Пех за Ибра е тоа што поради жолти картони нема да може да игра против Чешка, но УЕФА веќе испрати барање до ФИФА на сите играчи да им се поништат ваквите суспензии, односно да не се пренесуваат од квалификациите во баражот.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Фудбал

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе