Ибра за Златната топка: Сега знаеме дека Перез се натпреваруваше со Меси, а не Роналдо

Златан Ибрахимовиќ е познат по тоа што често јавно ги изнесува своите непопуларни и контроверзни ставови, и неодамна направи нешто слично, кога беше прашан што мисли за тоа дека Лука Модриќ ја освои Златната топка пред Кристијано Роналдо.

Потсетуваме, Модриќ ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот минатиот понеделник, а Роналдо заврши втор.

Така хрватскиот играч од средниот ред ја прекина десетгодишнаната доминација, во која Златната топка ја освојуваа само Лионел Меси и споменатиот Португалец.

Сепак, не сите беа среќни од изборот, а еден од нив беше и Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот беше прашан што мисли за целата ситуација, а неговиот одговор изненади многумина.

– Сега знаеме дека Перез беше оној кој се натпреваруваше со Меси за Златната топка, не Роналдо, сподели Ибрахимовиќ, откако јасно посочи дека Роналдо и Модриќ ја освоиле наградата, бидејќи зад себе го имале Флорентино Перез и силното лоби на Реал Мадрид.

Кристијано Роналдо освои четири од неговите пет награди како играч на Реал Мадрид, а Модриќ го направи тоа во дресот на истиот тим. Ова беше доволно очигледно за Ибрахимовиќ да извлече таков заклучок.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе