Идеја за летување: Сте слушнале за италијанските Малдиви?

Малдиве дел Саленто е името на познатата плажа лоцирана во Марина ди Песколузе во Италија, а благодарение на бистрата вода и белиот песок на плажата го добила името по островската земја во Индискиот Океан.

Малдиве дел Саленто се смета за „рајска дестинација“ и е еден од најубавите крајбрежни делови во покраината Апулија. Покрај златниот песок и кристалното сино море, ова место се карактеризира со пејзаж на диви кринови, папрати и црвена земја.

Оние што таму прв пат доаѓаат секогаш се враќаат фасцинирани од волшебните места, раскошот на боите и бројните можности за рекреација што ги нуди Марина ди Песколузе.

Плажата е полна со клубови и одморалишта што се домаќини на локалното население и туристите. Исто така, овој крајбрежен дел има плажи што го задржуваат својот природен, див изглед.

Препораките за туристите посочуваат дека не треба да се задржуваат само во областа за капење на Малдиве дел Саленто, туку дека можат да ги истражуваат и крајбрежните градови во близина, вклучувајќи ги Отранто и Санта Мариа ди Леука.

Оваа област е исто така ризница за љубителите на археологијата, меѓу најважните во Јужна Италија и ги опфаќа праисториските пештери, мегалитските споменици, некрополите и античките населби.

Плажата Европски Малдиви е сè уште она што најмногу привлекува внимание и доби илјадници прегледи на TripAdvisor. Додека многумина во коментарите тврдат дека местото не може да се спореди со вистинските Малдиви, истакнуваат дека оваа споредба всушност се врзува за бистрината на морската вода што потсетува на онаа што ја опкружува споменатата островска држава.

„Морето е толку чисто, сино, топло и многу плитко. Може да одите далеку и под нозете не чувствувате ништо друго освен мек песок. Феноменално“, вели еден во низата коментари.

Малдиве дел Саленто се наоѓа Јужно од Лече, речиси на најјужниот дел од „петата“ на италијанската чизма, и излегува на Јонското Море.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе