ИДФ објави фотографии: Откривме засолниште на исламистите во близина на бегалскиот камп во Газа

Макфакс
/ 13.11.2023 / 10:22

Портпаролот на израелската армија, Авичај Адрае, на социјалните мрежи објави фотографии и опис на засолништето на исламистите на Хамас и Исламски џихад, кои израелските сили го пронајдоа за време на копнена операција на периферијата на бегалскиот камп Ал Шати на северот на Појасот Газа, северозападно од болницата Ал Шифа.

„Силите на 401-та оклопна бригада продолжуваат со нападите на периферијата на кампот Ал Шати, фокусирајќи се на терористичката инфраструктура лоцирана во главните авторитарни институции меѓу цивилното население, вклучувајќи училишта, универзитети, џамии и домови на субверзивни елементи“, објави портпаролот на социјалните мрежи.

„Инфраструктурата на Хамас беше намерно воспоставена во цивилни згради, како што се Универзитетот 'Ал Кудс' и џамијата Абу Бакр, каде силите пронајдоа големи количества експлозивни материјали, кои содржеа запаливи материјали и бројни експлозивни направи. За време на операцијата, нашите сили запленија десетици парчиња на оружје, борбена опрема и оперативни планови поврзани со терористичката организација Хамас“, изјави тој.

„Силите влегоа и во куќата на функционер на Исламскиот џихад, каде што пронајдоа голем број оружје. Во друга операција, силите пронајдоа отвор на тунел, разузнавачки материјали на терористички организации и оружје во цивилна област во градот Беит Ханун“, се вели во соопштението.

URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе