Иднината сега: Кошаркарска топка без водух, направена со 3D принтер

Компанијата Wilson произведе прототип на кошаркарска топка на која воопшто не ѝ треба воздух.

Кога станува збор за спортска опрема, суштината не е променета, а тоа особено се однесува на топки за различни спортови, од кошарка до фудбал до одбојка.

Wilson, еден од водечките производители на спортска опрема во светот, сè уште бара иновации, па претстави прототип на кошаркарска топка направена со помош на 3D принтер, што би можело да го промени начинот на играње.

Клучната иновација е што прототипот на топката не содржи воздух, односно воздухот поминува низ топката благодарение на нејзината шема на дупки на површината. Наместо да користи воздух под притисок за отскокнување, топката всушност ја користи природната еластичност на смолата од која е направена.

Remote video URL

Не е првпат 3D печатените материјали да се проучуваат како замена за воздух под притисок. Производителот на гуми Bridgestone работи на гуми без воздух повеќе од една деценија, иако успехот варира.

Пневматикот без воздух што функционира на сите терени и на сите временски услови е поголем предизвик од производството на кошаркарска топка што ќе има добри перформанси на различни кошаркарски терени, но тоа значи дека тоа е едноставна задача.

Д-р Надин Липа, менаџерката за истражување и развој на Wilson, доби тешка задача кога се приклучи на компанијата, која требаше повторно да ја измисли кошаркарската топка.

Работеше со General Lattice за да се произведе 3D структурата на топката, која има серија од шестоаголни отвори наместо традиционалните кожни панели. Wilson го отстапи фајлот  со дизајнот на компанијата EOS, која ја претвори во реалност.

Топката е произведена со помош на процес на адитивно 3D печатење, слоеви прав и повеќе ласерски премини. Адитивното производство беше вистинскиот избор за производство на прототипот на безвоздушната топка, а како што тврди EOS, всушност „единствената позната технологија што можеше да го оживее концептот“.

Remote video URL

По производството, имаше процес на сушење и боење за да ѝ се даде карактеристичниот црн изглед. Топката потоа беше испратена во објектот за тестирање Wilson NBA во Ајдахо, каде кошаркарите ја оценија функционалноста на прототипот како кошаркарска топка. Компанијата е многу охрабрена од досегашните резултати.

Потпретседателот за иновации на Wilson, Боб Турман, изрази задоволство од првиот чекор, но тешко е да се каже дали прототипот, наречен The One, некогаш ќе стигне до фазата на производство. Сепак, кошаркарска топка која нема потреба од воздух и може да обезбеди добри перформанси секако ќе ги интересира љубителите на спортот.

Тагови
реклама
Запленети пола тон дрога во Албанија

Запленети пола тон дрога во Албанија

Read more
Кинеските полицајци како терминатори

Кинеските полицајци како терминатори

Read more
Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Read more

Хороскопските знаци на плажа: Биковите јадат цел ден, Близнаците сакаат ноќно капење

Read more

Вести

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Read more

Samsung „пука сеир“ на Apple

Read more

Зошто изумира пиратеријата?

Read more

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Read more
 

Гик

Како да ги блокирате рекламите на вашиот мобилен телефон?

Читај повеќе

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Читај повеќе

Samsung „пука сеир“ на Apple

Читај повеќе

Зошто изумира пиратеријата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Читај повеќе

Ако имате некоја од овие апликации на вашиот телефон, веднаш избришете ја

Читај повеќе

„Глична“ ChatGPT

Читај повеќе

Microsoft намерно го забавува Windows

Читај повеќе
  • play_arrow

Пренослив Xbox доаѓа годинава

Читај повеќе