Славниот актер Идрис Елба наводно повторно е во преговори за главната улога во следниот филм за Џејмс Бонд откако продуцентите спроведоа истражување на пазарот во кое се покажа дека тој е фаворит за улогата.
Продуцентката Барбара Броколи претходно потврди дека 49-годишниот актер е дел од разговорите да биде следниот агент 007.
Претходно Елба ја отфрли идејата да глуми шпион и расправаше за можноста да се појави како негативец, но повторно е во игра за главната улога откако е високо рангиран во истражување на пазарот, пишува The Sun.
Овие вести доаѓаат откако Броколи призна дека е потребно многу време за да изберат замена за Даниел Крег. Таа инсистира дека воопшто не е лесно да одберете актер кој ќе ја преземе улогата на култниот шпион.
„Тоа е голема одлука. Не е само доделување на улога, се работи на целосно преиспитување на патот по кој одиме“, изјави таа во разговор за Variety.