Игли подметнати во јагоди предизвикаа масовна паника во Австралија

Во Австралија е отворена истрага за да се открие кој става игли за шиење скриени во јагоди што се продаваат во маркетите и на пазарите ширум земјата. Инцидентите предизвикаа масовна паника во Австралија, а службите стравуваат дека можни се појави на имитатори на злоделото.

Досега се регистрирани инциденти во шест покраини и територии во Австралија. Еден маж е хоспитализиран откако изел јагода во која имало игла.

Неколку брендови ги повлекоа своите производи, а најголемите синџири за продажба на овошје и зеленчук престанаа да продаваат австралиски јагои како мерка на претпазливост.

Австралискиот министер за здравство Грег Хант ѝ нареди на Службата за безбедност на храна за Австралија и Нов Зеланд веднаш да отвори истрага.

„Ова е многу брутално злосторство и напад врз јавноста“, рече тој.

Локалните служби исто така отворија истраги, но уште нема осомничени.

Првите случаи на подметнати игли во овошјето беа пријавени во Квинсленд минатата недела, а потоа се проширија во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Тасманија.

Одгледувачите на јагоди и полицијата велат дека дел од случаите можеби се дело на имитатори.

Квинсленд понуди награда од 100.000 австралиски долари (72.000 американски долари) за каква било информација за инцидентите.

Одгледувачите на јагоди изразија дополнителна загриженост дека ова скапо ќе ја чини индустријата што вреди околу 130 милиони австралиски долари годишно.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе