Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за COVID-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот, напиша денеска на својот Facebook профил министерот за здравство Венко Филипче.
Одговорите, посочува министерот, ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус.
Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и финансирана е од Светската здравствена организација, потенцира Филипче и го објави линкот до прашалникот.
Прашалникот може да го погледнете Тука.