„Илинден“ - Tирана го поздрави говорот на Стерјовски во албанското Собрание

Македонско друштво „Илинден“ - Tирана и огранокот за Голо Брдо го поздравија говорот на македонски јазик на пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовским во Собранието на Република Албанија.

– Од името на сите Македонци го поздравуваме кусото по текст обраќање на Стерјовски, но од огромно значење, кое претставува еден историски момент за македонското малцинство во Албанија. Посакуваме да биде пракса и во иднина. Воедно, ја изразуваме и нашата желба Васил Стерјовски да обезбеди нов мандат за пратеник во албанското Собрание и да продолжи со ангажираноста за подобрување на животните и работните услови на Македонците во Албанија, стои во објавата на друштвото.

Се апелира до Македонците и до сите жители на округот Горица (Корча) каде што Стерјовски е на кандидатската листа на Социјалистичката партија, масовно да излезат на гласање на 25 април и да гласаат за ова листа.

– Македонското население во Албанија е политички организирано во единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Од нејзините редови како пратеник во албанскиот Парламент македонското национално малцинство во Албанија го претставува Васил Стерјовски. Според неговите настапи и ефектите од неговата работа, Македонците имаат достоен претставник во албанскиот највисок дом. За да тоа продолжи ги повикуваме Македонците од овој округ масовно да гласаат за кандидатската листа на која е и Стерјовски, апелира друштвото.

На вторничката пленарна седница Стерјовски, кој е и прв пратеник што јавно се декларира како Македонец, за првпат во историјата на албанскиот Парламент се обрати до Македонците во Албанија на нивниот мајчин македонски јазик.

Рече дека се гордее што бил гласот на Македонците и на сите малцинства во Албанија и се борел за општество на еднакви пред Уставот и законите.

– Почитувани сонародници, бидете горди Македонци и лојални државјани на Албанија, негувајте ги македонскиот јазик, култура, историја и традиции бидејќи и тие cе нераскинлив дел од Албанија, порача Стерјовски во неговото обраќање на македонски јазик, што е прво во историјата на албанскиот парламент.

Во објавата на друштвото се додава дека на територијата на Албанија живееле и денес живеат стотици илјади Македонци.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе