Имигрант освои 500.000 евра на лотарија и нема да плаќа данок

Макфакс
/ 13.06.2023 / 18:43

Воен имигрант од Украина освоил 500.000 евра благодарение на лотарија, соопшти денеска Белгиската национална лотарија.

Победникот е на возраст меѓу 18 и 24 години и живее во Брисел последнава година, објави Reuters. Минатиот месец на бензинска пумпа купил грепка од 5 евра, која била со голема добивка.

Идентитетот на добитникот ќе остане непознат, како што е случајот со сите белгиски добитници на лотарија. Портпаролката на Националната лотарија рече дека добитникот имал измешани чувства.

„Тешко е да се биде задоволен со оглед на сѐ што се случува во неговата татковина“, истакна таа и додаде дека младиот човек прво сака да направи прослава за да им се заблагодари на сите што му помогнале да се интегрира во Белгија, а потоа сака да направи нешто за неговите сонародници и обновата на Украина.

Таа спомна дека мажот, иако е среќен во Белгија, каде што се вработил, би сакал да се врати во Украина штом ќе заврши војната.

Добивките од лотарија во Белгија се ослободени од данок, а интересено е што минатата година 165 луѓе од мало белгиско село освоиле 142.897.164 евра на лотарија.

реклама

Свет

Имате рок до крајот на денот: Европа ѝ постави ултиматум на Русија и доби експресен одговор

Read more

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Read more

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Read more

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Read more
 

Вести

Имате рок до крајот на денот: Европа ѝ постави ултиматум на Русија и доби експресен одговор

Читај повеќе

Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Читај повеќе

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Читај повеќе

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе