Индискиот ровер потврди присуство на сулфур на Месечината

Индискиот ровер Pragyan, кој е дел од мисијата „Chandrayaan-3“, потврди присуство на сулфур на јужниот пол на Месечината, соопшти индиската вселенската организација ИСРО.

Главната задача на мисијата е да пронајде замрзната вода, но и откривањето на сулфур е големо достигнување. ИСРО потврди дека ласерскиот спектроскоп на роверот открил неколку други елементи на површината на Месечината покрај сулфурот, вклучувајќи алуминиум, железо, калциум, хром, титаниум, манган, кислород и силициум. Потврдувањето на присуството на сулфур во регионот на јужниот пол не беше изводливо со инструментите на орбитерот.

Техниката LIBS е научен метод кој го испитува составот на материјалите со нивно изложување на моќни ласерски импулси. Тоа вклучува насочување на високо-енергетски ласерски пулс на површината на материјал како што е прачка или земја, што создава исклучително топла и локализирана плазма. Светлината од плазмата потоа се собира и анализира со помош на детектори како што се Chare Coupled Devices, кои можат да го одредат составот на материјалот врз основа на уникатните бранови должини на светлината што ги емитува секој елемент во состојба на плазма.

URL

Лунарниот ровер Pragyan се спушти на површината на Месечината од лендерот Vikram во близина на јужниот пол на Месечината, каде што се очекува да спроведе експерименти во следните 14 дена. По потврдувањето на присуството на сулфур, роверот продолжува да бара замрзната вода, што би било исклучително корисно за новите генерации астронаути како потенцијален извор на вода за пиење, но може да се користи и за производство на ракетно гориво.

Ќе ја анализира и атмосферата и сеизмичката активност на Месечината.

Во понеделникот траекторијата на роверот беше променета откако се приближи до кратерот широк 4 метри. ИСРО потврди дека роверот е безбеден на новата рута, се движи со брзина од 10 сантиметри во секунда за да избегне оштетување поради нерамниот лунарен терен.

Благодарение на мисијата „Chandrayaan-3“, Индија стана четвртата земја што слета на Месечината, по САД, Кина и поранешниот СССР. Оваа мисија е доказ за напредокот на индиската технологија и амбициите да стане вселенска сила, а чинеше 75 милиони долари, што е на пример многу помалку од трошоците за снимањето на филмовите како „Gravity“ (100 милиони долари), „The Martian“ (108 милиони долари) и особено „Interstellar“ (165 милиони долари) за кој се потрошени повеќе од дупло пари.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе