Индиските парламентарци на седница еден по еден си заспаа

Додека во парламентот во Индија се водеше жестока дискусија за економијата, некои парламентарци не успеаја да останат будни.

Долготрајната седница ги исцрпи еден по еден, па во преносите во живо можеше да се види како полека ги занишуваат главите и заспиваат. Министерката за финансии, Нирмала Ситраман водеше жестока расправа за економската состојба во земјата, зборувајќи како одредени сектори, како автомобилската индустрија веќе почнале со закрепнување откако го објавила првиот буџет. Таа додаде дека иако растот е забавен, земјата не е во  рецесија.

Но, изгледа на нејзините колеги овој говор не им беше многу возбудлив па повеќе пати беа снимени како ги занишуваат главите и се борат да не заспијат. Меѓу нив е и министерот за развој на вештини, Махендра Нат Пандеј.

Снимките и фотографиите од заспаните парламентарци беа инспирација за корисниците на социјалните мрежи кои ги споредија политичарите со индиската економија.

„Состојбата на нашата економија е снимена со камера“, напиша еден од коментаторите.

Други ја критикуваа опозицијата која повеќе пати повика на дебата за економијата за да на крајот ја напуштат седницата кога тоа прашање дојде на ред.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе