Индонезија евакуира туристи по ерупција на вулкан (видео)

Индонезиските власти се во потрага по неколку стотини туристи откако планината Баруџари на островот Ломбок исфрли облак од прав во атмосферата, при што беа евакуирани повеќе од 1.100 луѓе, објави агенцијата за катастрофи на Индонезија.

Вулканот, познат и како детето на Ринџани, затоа што е сместен во пазувите на планината Ринџани, еруптираше без предупредувања вчера попладне, при што беа одложени авионски летови од Ломбок и блискиот остров Бали. Облакот прав достигнал височина од 2.000 метри.

Портпаролот на Агенцијата за катастрофи Сутопо Пурво Нугрото вели дека близу 400 странски и локални туристи се регистрирани дека се качувале на планината од саботата, заминувајќи од Набљудувачницата Сембалун на 11 километри од кратерот.

„Бараме околу 389 други туристи, повеќето странци, за да утврдиме во каква состојба се и итно да ги евакуираме“, вели Нугрото.

Нема извештај за повредени од ерупцијата. Ерупцијата ги оневозможи авионските летови неколку часа на Меѓународниот аеродром на Бали, кој се наоѓа на 135 километри од Ломбок, како и на аеродромот во Матарам, на островот Ломбок.

Правта покри шуми со тенок слој сивило, но градовите и селата не се во опасност.

Ринџани е еден од 130 активни вулкани во Индонезија. Архипелагот е подложен на ерупции од вулкани и земјотреси, поради тоа што се наоѓа на таканаречениот огнен прстен во Пацификот.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=AUyuIQM27E8]

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Read more
 

Вести

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе