Иницијативата „Спас за Валандово“ бара референдум за рудникот Казандол

Иницијативата „Спас за Валандово“ побара од Советот на општината Валандово јавна седница со присуство на граѓаните во соодветен простор и тајминг и единствена точка на дневен ред распишување референдум преку кој ќе се овозможи луѓето да го искажат своето мислење за отворањето на рудникот за експлоатација на злато, сребро и бакар Казандол.

„Според информациите што ги добивме, закажана е седница на која јавноста и иницијативата „Спас за Валандово“се исклучени, а ќе биде присутен само инвеститорот.

Освен тоа, нашето барање за референдум воопшто не е поставено на дневен ред на седницата закажана за во четврток.

Иницијативата „Спас за Валандово“ најавува радикализација на отпорот доколку ниту едно од овие наши барања не се исполни!

Нашите активисти ги посетија сите советници на општина Валандово со барање да ја поддржат иницијативата за распишување референдум за влезот на тешката и загадувачка индустрија во овој претежно земјоделски регион.

Како граѓанска иницијатива, сметаме дека е неопходно граѓаните да го кажат своето мислење и да го дадат својот глас за или против отворање на рудник или  каков било вид на тешка индустрија во општината.

Согласни бевме со повеќето од советниците дека станува збор за прашање од заеднички општ интерес.

Сведоци сме колку погрешните политики можат да бидат штетни за населението, особено по малите места. Ние сметаме дека отворањето на рударски комплекс ќе биде погубно за иднината на општина Валандово. Референдумското прашање за или против рударски комплекс, според нас, е прашање да се биде или не за Валандово.

Ова е прашање кое не може да биде затворено од неколку луѓе зад затворени врати, затоа што Валандовската Котлина, климата и еколошки чистата средина ни е дадена од генерациите пред нас, но ни е позајмена од генерациите кои доаѓаат“, се вели во информацијата доставена до медиумите од страна на граѓанската иницијатива. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе