Инспиративна вечер на соло песни со извонредниот бас-баритон Милан Силјанов

„Вечер на соло песни“ е насловот на рециталот на извонредниот вокален солист, бас-баритонот Милан Силјанов (Македонија/Швајцарија), кој долго години наназад е активен на европските музички сцени.

На 22 април (понеделник) во Камерната сала на Филхармонијата во 20 часот, Силјанов ќе настапи заедно со неговата долгогодишна партнерка, пијанистката Нино Чоконелидзе од Грузија.

Оваа вечер ќе бидат изведени инспиративни циклуси на песни: „Љубовта на поетот“ оп. 48 од Р. Шуман, Циклус песни „Let us garlands bring“ оп. 18 од Џ. Финзи, „Дон Кихот и Дулчинеа“ од М. Равел, како и „Отпловена Русија“ од Г. Свиридов.

 Бас-баритонот Милан Силјанов студирал на Високата школа за уметности во Цирих, а се усовршувал во познатата школа за музика и драма „Гилхол“ во Лондон, на отсекот опера, под менторство на проф. Рудолф Пјерне. Добитник е на значајни награди и признанија- втора награда и награда од публиката на престижниот АРД натпревар во Минхен, (2018), прва награда на интернационалниот натпревар за соло-песна во Лондон (2015), организиран од „Вигмор Хол“, додека во 2014 година Силјанов ги освоил и двете награди – прва награда и награда од публиката на 50. Меѓународен вокален натпревар во Хертогенбош, Холандија. Соработува со светски познатите диригенти Кирил Петренко, Константинос Карјадис, Инго Мецмахер, Дан Етингер, Џошуа Вајлерштајн и др. Неговите неодамнешни настапи ги вклучуваат улогите: Лепорело во „Дон Џовани“ од Моцарт на Фестивалот во Вербие во Швајцарија, каде што му е доделена наградата „Ив Патерно“ за најистакнат уметник во рамките на Академијата, Антонио во Моцартовата „Свадбата на Фигаро“ и Петер Бесендиндер во „Јованче и Марика“ од Хумпердинк – двете во Операта во Минхен. Во сезоната 2018/2019, се бележат неговите изведби на „Зимско патување“ од Шуберт на Музичкиот фестивал во Кембриџ, на „Нелсон мисата“ од Хајдн во Дрезден под диригентската палка на Омер Меир Велбер, како и рецитали на Фестивалот за соло песна во Оксфорд и во Вигмор хол со пијанистката Нино Чоконелидзе. Милан Силјанов моментно е член на ансамблот на Баварската државна опера во Минхен.

Родена во Тбилиси, Грузија, пијанистката Нино Чоконелидзе дипломира на тамошниот Државен конзерваториум, а дипломира и магистрира на Универзитетот за уметности во Цирих, Швајцарија. Активна е како камерен музичар, а постојано настапува како пијано соработник особено на соло-пејачи и како корепетитор. Одржува рецитали во Холандија, Германија, Швајцарија, Франција и Велика Британија. Добитничка е на награда токму за пијано придружба, на натпреварот „Шуберт“ во Дортмунд, на прва награда како и награда од публика на Вокалниот натпревар во Хертогенбош, Холандија, како и на престижната прва награда на Интернационалниот вокален натпревар во „Вигмор хол“ во 2015. Следните ангажмани на Чоконелидзе вклучуваат рецитали во „Вигмор хол“ во Лондон, настапи на Вокалниот фестивал во Оксфорд, потоа во Кембриџ, како и во Минхен и во Баварската државна опера.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе