Instagram се попишмани

Без претходно предупредување, Instagram денеска промовираше огромна новост во начинот на кој функционира социјалната мрежа. Наместо досегашната вертикална поставеност на новите објави, почетниот екран беше поставен хоризонтално како кај опцијата Instagram Story и објавите се скролаа од десно кон лево.

Само половина час и неколку стотици илјади критики подоцна, Instagram се врати на нормалниот почетен екрен.

За краток временски период корисниците на Instagram можеа да го видат и да го тестираат новиот апдејт. Со промената, новите објави на профилите беа прикажувани на истиот начин како кај опцијата Instagram Story, што значи дека за да се отиде на следната објава беше потребно да се допре екранот.

Социјалните мрежи се преполнија во критики и негативни мислења за новиот апдејт, опишувајќи го како „лош и непотребен“. Само половина час подоцна, Instagram се врати во нормалната форма и повторно почна да ги прикажува објавите вертикално.

Извршниот директор на Instagram, Адам Мосери, накратко по случувањата објави дека апдејтот бил пуштен „по грешка“ и дека компанијата имала намера да направи само мал тест, но случајно апдејтот бил пуштен насекаде низ светот.

Веројатно од Instagram имале намера да го промовираат овој апдејт некаде по почетокот на новата година, со оглед на тоа дека кај сите корисници се појави порака која ги предупредуваше дека се направени промени на оваа социјална мрежа.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе