
Интер Мајами ја започна изградбата на својот нов стадион, соопшти синоќа американскиот клуб, откривајќи нови фотографии од комплексот вреден милијарди долари.

Лионел Меси, Дејвид Бекам и останатите ќе се преселат во нивниот нов дом во 2025 година. Ос своето формирање во 2020 годиона тимот настапшува на стадиуонот „Драјв Пинк“ во Форт Лодердејл, Флорида.
Временската рамка за изградба на новиот стадион со 25.000 седишта се совпаѓа со последната година од договорот на Меси, откако тој му се приклучи на тимот на средината од јули.

„Со Интер Мајами моето семејство тргна да изгради нешто навистина трансформативно. За само четири години ја сменивме светската перцепција за американскиот фудбал. Додека ја започнуваме изградбата на 'Мајами Фридом Парк' водени сме од истата визија“, вели извршниот сопственик на Интер Мајами, Хорхе Мас, додавајќи:

„Со создавање на повеќеслоен простор ќе поставиме нов стандард за тоа какви можат да бидат спортските комплекси. Со нетрпение очекуваме да обезбедиме дестинација за храна и забава во која семејствата ќе можат да уживаат во текот на целата година. Едвај чекам да им посакам добредојде на нашите навивачи во нашиот најсовремен стадион и да слушнам овации додека Меси и вашите Интер Мајами играчи излегуваат на теренот за прв пат во 2025 година“.

Проектот вреден 1 милијарда долари се проширува надвор од МЛС со комплекс кој ќе вклучува и јавен парк од 58 хектари кој ќе биде најголемиот нов парк во Мајами, младински фудбалски и атлетски терени за заедницата и комерцијални и забавни понуди, со луксузен хотел од 750 соби, малопродажен центар и деловен простор.

Локалните бизниси во комплексот, особено хотелот и продавниците во малопродажниот центар, се очекува да имаат профит од посетителите кои ќе ја преплават областа на денот на натпреварите за да го видат Меси.

