Интер реши еден проблем: Брозовиќ потпиша до 2026

По долги преговори италијанскиот шампион денеска конечно соопшти дека хрватскиот репрезентативец го продолжил договорот потпишувајќи нов со трајност до 2026 година.

Со месеци наназад потписот висеше во воздух, сите беа сигирни дека новиот договор е реалност, но никако не се доаѓаше до официјализација. Денеска сето тоа се оствари и тимот на Симоне Инѕаги реши еден голем проблем со оглед на тоа што Марцело Брозовиќ е еден од клучните играчи на „Нераѕурите“.

Според новиот договор Хрватот ќе заработува 6 милиони евра по сезона плус бонуси кои се врзани согласно со личните остварувања, како и оние на тимот.

„Интернационале Милано соопштува дека е постигнат договор за продолжение на договорот на играчот Марцело Брозовиќ: играчот од средниот ред роден 1992 година ќе биде црносин до 30 јуни 2026 година“, објави миланскиот клуб.

URL

Брозовиќ е во Интер од јануари 2015 година кога пристигна од загрепски Динамо. Оттогаш е незаменлив во средниот ред играјќи вкупно 279 натпревари и постигнувајќи 25 голови до овој момент. Во ноември ќе наполни 30 години.

реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе