Иран го предупреди Израел за „црвените линии“ во Персискиот Залив

Иран денеска го предупреди Израел да не ги преминува „црвените линии“ во Персискиот Залив во последните денови од претседателствувањето на Доналд Трамп и по пријавеното распоредување на израелска подморница, пренесува France 24.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Саид Хатибџаде, истакна дека Исламската Република ќе се брани од каква било американска воена „авантура“ за време на предавањето на власта на Вашингтон на 20 јануари.

Изјавата доaѓa една недела откако морнарицата на САД соопшти дека нуклеарна подморница е стационирана во Персискиот Залив во нова демонстрација на сила насочена кон Иран. Оттогаш, израелските медиуми објавија дека израелска подморница го преминала Суецкиот Канал и се упатила кон Персискиот Залив, информација што досега ниту беше официјално потврдена ниту демантирана.

– Секој знае што значи Персискиот Залив за Иран. Секој ја знае безбедносната политика и политиката на националната безбедност на Техеран … Сите, многу добро знаат колкав е ризикот ако се пречекоруваат црвените линии на Иран, рече Хатибџаде на онлајн конференција за новинари.

Техеран го обвини Израел за неколку антиирански операции, вклучувајќи го и убиството на нуклеарниот научник Мохсен Фахризадех минатиот месец.

САД, од своја страна, го обвинија Иран за учество во ракетен напад во близина на нивната амбасада во Багдад минатата недела, додека Техеран се подготвува во јануари да ја одбележи првата годишнина од убиството на врховниот командант на Иран, Касим Солејмани, во напад со беспилотно летало.

– Испративме пораки на американската Влада и на нашите пријатели во регионот (предупредување) сегашниот режим на САД да не започнува нова авантура во последните денови во Белата куќа, рече Хатибџаде. Тој истакна дека Иран не сака да ги ескалира тензиите и ги повика „рационалните луѓе во Вашингтон“ да заземат иста позиција сѐ додека новоизбраниот претседател Џо Бајден не го замени Доналд Трамп во Белата куќа.

Децениските тензии меѓу Вашингтон и Техеран се зголемија од 2018 година, кога Трамп еднострано ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран. Вечните непријатели двапати стигнаа до работ на војна од јуни 2019 година, особено по атентатот врз Солејмани.

Тагови
реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе